го (зам.) - смести (гл.)

Само да ми го сместат теловто во мртовечкиот сандак.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Буризанот ја наду буријата и засвире узбуна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И вечерва, да се насладува сам муљазимот со невестата Милка, барем со очи, го смести буризанот кај Јована Мачкарот, деленица на Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тато ѝ помогна да се качи во возот. Ѝ го смести багажот, а таа веднаш застана на прозорецот. Беше многу возбудена.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го вовлече влакното до еден ротирачки, метар широк круг на сенишен полихром, и го смести пред себе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во неа ќе го сместам за прво време училиштето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Првата го смести меѓу кориците на магазинот целиот свој нов управувачки комплекс, комплет со кулата и покривот, а вторава компанија тродимензионално го „огласи“ својот најнов компјутер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓу корисниците на овој „штос“ беа и Transamerica Corporation, најголемата осигуретелна куќа во Америка (по нејзината триаголна кула се препознава целиот Сан Франциско) и компјутерската корпорација Honeywell. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 117
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На тој начин, печатената порака би била проследена со тонски запис, а цели делови од текстот можат да бидат проследени со музика, како јај радио и ТВ огласите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сандачето го смести под леглото, во сопчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Фактот дека Аполинер во 1912 година го смести Дишан меѓу приврзаниците на орфизмот, ја потврдува Дишановата насоченост кон “херметичкото”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А кога конечно сѐ е чисто - in и out - американските реклами му порачуваат на Американецот како тоа свое сито, истренирано, однегувано, чисто тело да го смести во - автомобил.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Илузијата што ја скриви птицата веќе не постои Исчезна и опашот и жолтиот клун и монистата на песната На гранките ѕвездени гроздови Зборовите паѓаат врз белината Сѐ е стокмено како во градите на будилник Безброј лостови ја држат напнатоста Прстите шетаат по ‘рбетот на времето Но гласот на сестра ми го слушам додека се обидува да го смести својот насмев на лицето на една исплашена кукла.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Можеш да го насликаш со зелена боја и многу сонце а кога ќе поверуваш дека си го натокмил со сите сличности и дека си го сместил токму онаму каде што припаѓа ќе затрепери неговата набрекната белузлава гуша а главата невешто ќе се искриви голтајќи го лакомо златестиот меур сончевина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дали сепак токму сомневањата од ваков вид за судбината на таткото на Иван не беа причина да го избегнува јасниот одговор?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој е пред мене, речиси на дофат, но со подолги чекори.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И како ќе бидат сфатени тие мои објаснувања од оние љубопитници, кои по правило малку им веруваат на туѓите зборови, а уште помалку можат да ја почувствуваат болката што ги измачува непознатите туѓинци кои којзнае од кои причини го сместиле својот живот толку далеку од нивните улици и прозорци а притоа и толку високо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар таа не сакаше, спомнувајќи ја стијата и злото, да ми наговести трагичен завршеток, грозен крај, за кој веруваше дека се случил, кој најмногу токму неа ја имаше погодено; па сепак, иако ваквиот грозен крај го најавуваше како сомнение па дури и како доживеана болка, таа не беше спремна да го прифати а уште помалку да го смести помеѓу грдите и непријатни искуства!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури кога го смести ранецот на рамото, тргна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прво таа се вовлече во креветот до Даниел, кога Френк го смести во креветот без да вечера.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој ѝ ја зеде раката и го смести својот образ на неа, и вистинска солза протече по неговата слепоочница и му капна на дланката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таквиот литературен анахронизам дарежливо го смести во интерпретативната фигура НЕИСТОВРЕМЕНОСТ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За разлика од нашиот, специфично философски „ресентиман“, Енценсбергер е многу потолерантен кон Ќосиќевата литерарна промоција на епскиот дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Возачот ми го позеде куферот и го смести во големиот багажник.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Нешто се поместува во мракот, баш сега некој влегува во купето и се обидува да го смести багажот, газејќи ме по прстите.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сметаше дека доволно прочитал и доволно видел во својот живот за да умее тероризмот да го смести кај поединци и нивните криминални групи наместо кај цели народи или пак држави.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Ама, гнездо! - воздивна Томо, кога го смести и последниот пакет во собата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Издргна многу од сувата шумурина и сето тоа го смести во едно бреме над трвлосан пар од другата страна на стеблото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа своето предавање на тема „Заштита на приватноста на индивидуата со аспекти на релаксација на психолошките трауми од страв за можна репресија во наши услови” го смести во средината на ноември, во еден врнежлив, студен, депресивен есенски ден.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој се обиде да го смести во временски контекст.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И самиот реши да му помогне, да „спаси една рисјанска душа“, што му беше возложено и со калуѓерската програма: „прави добро со што можеш“. Со првиот транспорт брашно за манастирот, Арсенија го испрати Сталета да растовари и да го смести брашното во амбарите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Старчето Диониш, иако малку збунето и преплашено, прифати да го сместат во помалечката просторија каде што Чана, како вистински мајстор, од неколку гредички, од три штици, од неколку метра конопено јаже, направи вистински кревет.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ни збор за Димостена, ни за Доне, а за Танаско и Танаскоица дека се добри и единствени со кои може лаф да скрши, дека дедо Костадин што го оставивте во вагонот го сместивме на најубавото место на највисокото во рамната земја од каде ги вардел сите нив. И повеќе ништо за него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Важно со првите студени зраци на сонцето стигна бел и убав ковчег за дедо Констадин, а на Танаско не му требаше помош за да го смести во него, едноставно го црпна како што се црпнува малечко дете, го подржа малку така а потоа со солзи во очите и уште зборувајќи му Ех дедо Костадине са уткина уд ва каута!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Танаско и Друже Србине како пердув да креваат, веднаш го сместија сандакот со дедо Костадин во колата и Тарзан не чека некој нешто да му рече, туку пукнува со камшикот во воздухот и коњот тргнува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Отидовме да го гледаме на сцената на Ахмансон, прашувајќи се каде ли воопшто ќе го сместат оркестарот во тој малечок театар...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Го привлече блокот со зелена хартија кон себе (Таа не му даде отпор...), го смести пред себе (Ја легна женската!...) и го отвори (Ѝ влезе меѓу нозете...) кревајќи го капакот и внимателно подвиткувајќи го да стои легнат на масата на спротивната страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓувремено, Шишман го смести камчето во кутијата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нумо не е падавичар. Тука го доведоа неодамна. Заради казна, велат го сместија меѓу падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Митро мори еве ти гу во дејтту, ки са врнам ушче во п’т! вјасаничкум замина и не помина многу време, туку еве ти ја со дрвениот одар и сламарникот, го смести на северната страна, со грбот кон Вардар. Ете, вели, се имме нова кујќа!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А кај да го сместам кога нема ни домови, ни детски јасли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го сместивме креветот и сите работи што ги имав во комбето и тргнавме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)