го (зам.) - смекне (гл.)

Ненадеен здив на попладневен ветар го смекна да не пламне, да не ја испцуе жената, навидум старица, иако постара од него само неколку години. Така е, само луѓето, тие и ништо повеќе, можеа да бидат грешка на природата, зло, свое и нејзино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Лесна сенка на сомилост кон рибарот, наеднаш го измени и го смекна однесувањето на Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Опасно ќе биде за него и за стоката, ако малку разјужи или сонцето го смекне горниот слој на снегот, а ноќниот студ го стегне и направи цврста кора.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нејзините тажни звуци успејаа да го смекнат дури и каменото срце на сивата карпа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
За одредени болни, или грешници што ги лечеше, уште во почетокот им приоѓаше со силен уплав, со шок: ги затвораше во студената ќелија без леб и вода, му ги ставаше нозете во дрвениот штекел да не може да мрда, и по некој ден ќе му пријдеше сосем поинаку: со нежност, со убаво, со благи зборови за да му го смекне срцето, да му го отвори, и на тој начин полесно да му влезе во душата, полесно да го лечи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)