го (зам.) - смалува (гл.)

Инаетот повеќе може да се насети во човековиот инстинкт, во делот на неговата анимална природа, недовршеноста во еволуцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова хронично не најчесто го зазема местото на да или го смалува неговото нормално влијание.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски подоцна ќе доаѓа во Татковата библиотека со крајна цел да открие нови книги, но и да се одмори од својата грамадна библиотека, која од ден на ден се зголемуваше и го смалуваше времето на неговото присуство во неа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И телевизијата го смалува сочувството бидејќи луѓето живеат во свет во кој не можат да делуваат, немаат никаква одговорност и не сретнуваат други луѓе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така материјалот станува натприродно далечен и универзален.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иако Милдред Пирс ја скокотка публиката со грешната глетка на женската сила, автономија, пргавост и моќ – дури и со извесна женска мажественост – тој тоа го прави под услов Милдред на крајот да си ја предаде самостојноста и да се врати во положба на домаќинска и сексуална подреденост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Накратко, класната, расната, етничката, сексуалната и родовата политика на филмот е прилично ужасна. ‌Тие политички петна, меѓутоа, не го смалуваат естетскиот успех на филмот, особено кога се гледа со правилна дистанција и иронија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Филмот е бележит и поради улогата на Батерфлај Мекквин, која не е именувана во екипата, а која ја игра црната прислужничка на Милдред, Лоти, на некој начин најдивниот лик во целиот филм, но исто така и средство за упорно, жестоко расно стереотипизирање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓутоа тоа не го смалува значењето на Кејџовиот пронајдок кој генерации млади композитори и следбениции ќе го усовршуваат и ќе создадат денес веќе обемна литература за овој инструмент.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тоа што се создавани во серијален метод во извесна мера го смалува интересот за нив.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Огнот никако да ѝ стивне, да понамали. Го гори девојчето, го смалува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)