го (зам.) - служи (гл.)

Оваа легенда старите ја поткрепуваат и со заедничкиот селски панаѓур (слава) свети Атанасија зимни, кој го служат сите три села, како некогаш што го служеле сите тројца браќа — Раде, Гале и Вите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стале облетува околу отец Арсенија, го служи и кога овој не заповеда, а и својата редовна работа околу авурот, воловите, коњите, кравите не ја остава поназад.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа беше одредена од свекор и да го служи спаијата дури ќе биде тука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе куртулат и Батанџиовци од заметот да го служат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас пак ќе помислам, а и ти не испуштај ваков сермија, оти ретко, зерем, се продават, — беа последните зборови од Адема, кој се врати назад на кулата и го викна Катето да му донесе цела оканица комињарка и да го служи денеска.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ене го сета, како Велика предано што го служи чорбаџи Сивета и неговите „одбор" гости, така и тој го врти јагнето на раженот во градината, на оган од лозови прачки, наполнето со ориз и суво грозје.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тогаш... неоти таа не ќе дојде на кулата да го служи Јованбег како Катето сега што го служи Адембега?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Очите уште добро му гледаат, но нозете слабо го служат и затоа се потпира со стап. Дедото се вика Стамен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Каде сте го служеле воениот рок?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој грев е гревот што го чувствува поради старите чевли што верно го служеле, а тој, по долго колебање, ги оставил во туѓина, затоа што си купил нови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но кога дошол за игумен во манастирот отец Никодим Синаитски, страден за сонце што во изобилство го имало во Синаја, ги разрушил сите тие тесни и мрачни келии, ги преправил, ги преуредил: им отворил големи прозорци да гледаат кон езерото и Полето, ги споил и направил за себе убава одаја за спиење, бања за капење, простор за вршење нужда, одделение за држење пијалоци и трпеза во која ќе го служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Освен во времето на војната, додека го служеше воениот рок, кога годишните времиња и сиот ред на нештата преминаа во безредие, животот имаше определена шема, исто како и времето, годишните времиња беа јасно одвоени како посебни паноа на ѕидни слики, свежите и нежни денови на есента им претходеа на влажните и ветровити денови на зимата; освежителните денови на пролетта ги пресретнуваа запурничавите и неподносливи денови на летото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Замисли да ти се децата џимрии, па пребаруваат - едни јадат боранија, други не сакаат ни да ја чујат, едно сака месо со компири, друго не меша протеини со јаглехидрати, а само едно „веге“ па ти е многу, па, мораш секој ден да ги препрашуваш кое има „дејт”, заради кромидот и лукот што секогаш заради евентуалност го служиш одвоено.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Генералот одговори дека што се однесува до неговата здравствена состојба, кондицијата се уште го служи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Веќе разлутен што не го разбудиле, видувајќи дека нема никој, како што редовно бива при станувањето, да го пречека и да го служи, избувнува.) Што е ова!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А јас... (Погледнува на саатот.) Не работи. Тоа ли е ред! Ако сум задоцнил?...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ен ден „Свети Никола“ го служел, го славел тој, богатиот човек.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дали се сеќаваш - рече - ко бев јас кај тебе пред пет-шес месеци, на пример, тоа било ко бев кај тебе, речи, на Свети Никола, (тамо шо го служел денот) дека ме седна - рече - тамо на задниот дел кај шо седат децата и за мене не водеше сметка никако.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јастребот беше поитар од нив; крчмарот, жолтата бавна фигура зад црно тезге, покорно го служеше и беше исплашен од неговиот клун со пламен ноздри.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мајка ми бавно го служеше чајот. Сакаше да го врати вообичаениот тек на денот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ајде, размисли малку: нели тој со месеци го служел, ординарец му бил.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Трчаа луѓето, фаќаа пусија, замавнуваа со стаповите, бодинаа со вилата, пукаа со пушки, но него некоја среќа го служеше: целото искрвавено ќе одмаглеше во шумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)