го (зам.) - слика (гл.)

Тој конечно се реши Србина да го слика Фотографот тргна да застане пред него со апаратот, но од пол пат се врати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Ќе го сликаат, - рече посилниот. - Како ќе го сликаат. - Не знам. Некако ќе го сликаат. Нарочно човек е дојден.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сликарот што го слика по венчавањето пред катедралата, давајќи му ја сликата со адресата на своето ателје и датата на сликањето: 6. IX 1949 г., му рече: „Нека ви е среќен бракот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бакрорезецот Мелан (1589-1668) го слика Христовото лице со една единствена линија и пишува за тоа: „Оној единствениот од едно е создаден“ (“Formatur unicus una”).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Да имаме апарат, - рече по кратко молчење Бојан - Да го сликаш цвеќето ли? - Не. Гогов Валог да го сликам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Си велев, мало место, заакано меѓу ридјата, никому не му правело впечаток и никој не осетил потреба да го слика.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Секогаш стреми се на она што го сликаш да му дадеш нешто свое, да му дадеш свој израз, своја душа, што се вели.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Многу уметнички дела за Револуцијата го сликаат Времето како ги разбива симболите на стариот поредок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговата слика добива религиозно значење бидејќи тргнува од некои принципи врз кои е втемелена религиската слика.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од друга стра­на, тој не го сликал, туку го создавал: репрезентацијата на Христ е сведоштво дека Христ постои, а оттаму и централната литургиска улога на иконата во православното христијанство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дикинсон како да му е близок на византискиот уметник кој­што не го видел ликот на Исус, но сепак го сликал според до­стапните упатства.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Идејата дека стариот поредок мора да се урне за да се направи место за новиот, ретко се изразува на ваков драстичен начин.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Спроти џамлакот стоеше платното што го сликаше на ногалки од школска табла, а под неа кантички со бои, шперплоча како располовена крушковидна тиква за мешање на боите, шише терпентин и ќупче четки во различни големини и уште едно ќупче шпахли, исто во различни големини.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
DD ПТ: Бевте во Ватикан? DD ЕВ: Секој ден поминувавме оттаму. DD ПТ: Се сеќавам дека имавте и фотографија од папата. DD ЕВ: Да. DD ПТ: Дали го сликавте во крупен план? DD ЕВ: Да.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)