го (зам.) - скисели (гл.)

Имав и мајка, и татко, и брат, и сестра – одговори Арслан и некако го скисели лицето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Суљо го слушаше пријатниот поздрав и некако, знаејќи дека ќе го разочара и разлути кадијата со својот неуспех, го скисели лицето и му одговори: – Штотуку слегов од коњот, кади баба, имам од злогласното Мариово, абер. – Знам, де знам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Често сум морал да ја мијам и чистам од калта. А еднаш и се расцепи од опинците на Танаса. Тоа ми го скисели и лицево и душава.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бојана го скисели лицето.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)