го (зам.) - сили (гл.)

Дури да се разгори огнот, вели, и буричка во огнот, го сили, го осилува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го силат да ја напушти. Да ја избрка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го потчукнуваа тие со нозете да го силат да трча и тој трчаше а тие труцкајќи му се на плеќите, лудуваа од радост.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го удираше сѐ додека Богдан не ги почувствува ударите на своите слабини: гледа пред него нема никаков коњ, а всушност тој е коњот: на него е качена Аниса и го удира со петиците и го сили да трча.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)