го (зам.) - седне (гл.)

Седнаа, или попрво Геро го седна Ванета, на крајната маса од пивницата, којашто летово беше излезена на тротоар, така што минувачите им се чешаа од грбовите одејќи кон главната улица дење и главното корзо навечер.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На Пецета му дојде да спрсне да бега, но брадјосаниот го џапна за рака и го седна на гуњата до себеси сѐ држејќи го со едната рака поклопен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сите се разврткаа и најпосле го седнаа Зоки врз една масичка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Влези, влези зете“, го покани во собата и го седна на фотелјата подместувајќи му голема перница со пердуви под газот за да му биде помеко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога ги сочини и му ги принесе на книга наресани, убави како девици што ја хранат својата невиност, тој го почести со слава и чест и го седна до него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По десетина минути, поттикнати од гласовите на археолозите кои очекуваа вода, а немаа поим што се случува кај стубелот, Бојан и Денко направија столче од рацете, го седнаа изнемоштеното девојче и го понесоа угоре, кон колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)