го (зам.) - сврзува (гл.)

Тогаш си во Ускудар и на станицата која овој град го сврзува со Анкара и човек може да се пофали дека се воврел низ вратата на Азија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа ти се овозможува да го сториш со фериброд кој го сврзува едниот од другиот брег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Копнееше по секој спомен, драго му беше сѐ што го сврзуваше со Неа, со синот и малата Весна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Иако, како и другите од тајфата, немаше ни еден добар збор за Аргира, сеќаваше дека нешто посилно од него го сврзува со тој секогаш наежен, стар човек, за кого што сите говореа: - Намќор, ни на живо се смее, ни на мртво плаче!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јаким се отпушти на бетонскиот столб, омаломоштен и свенат, како исушено дрво, што ја изгубило и последната жилка, што го сврзувала со земјата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оние пак кои веруваа дека записот е во врска со царот Јудејски, Соломон, поделени на две војски беа: некои записот го сврзуваа со богоугодниот, а некои со развратниот дел од животот на пресветлиот Соломон, оти, кажано е за него, во книгата Сирахова: „Соломон се зацари во мирни дни, зашто Бог од сите страни мир му подари, за да изгради дом на името Негово и да подигне светилиште вечно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Името на Крали Марко - јунак над јунаци - секогаш го сврзував со градот Прилеп, Варош, Маркови Кули, а еве, во непосредна близина на Скопје - Маркова Река.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Има една друга легенда што името на градот го сврзува со кочини.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од скромност јас нема да го посочам фактот дека на денот на моето раѓање биеја сите камбани и имаше општонароден восхит.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Злите јазици го сврзуваат тој восхит со некој голем празник, што се совпадна со денот на моето појавување на свет, но јас досега не сфаќам, каква врска има некаков си празник?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)