го (зам.) - свлечка (гл.)

И Емин, што рипна во реката Дримот та чија матица брзо го свлечка бидејќи со невооружени врази, а пијан некогаш беше се спречкал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тој го фрли опушокот од цигарата, го свлечка сорот по себе и тргна да продолжи со чистењето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога Наќо веќе премале, го зедоа игуменот и отец Иларион и го свлечкаа во ќелијата и го затворија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го свлечкаа внатре, пресвиснат и нем. Луѓето со стегнати срца ги бришеа очите. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И од коњ под коњ, - го свлечка Мисајлета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му пријде на качакот, го одврза, го зеде за мишката и го свлечка до езерото; го легна и со дланките почна да црпе вода и да му дава да пие.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)