го (зам.) - рине (гл.)

Ослободен малку од грижата да го рине снегот, ослободен и од стравот што му го задаваа волците, момчето почувствува потреба и да се среди малку, да се сврти кон себе, да се измие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некои што можат се качуваат на куќите и со дрвени лопати го ринат снегот од покривите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само што не ќе мораше да го рине снегот да ги чисти патеките, за што веќе немаше никаква желба. Сепак, мораше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го снемува ветерот, пред нив нешто го рине снегот и прави широка сува партина..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Слегуваат железничарите и патниците и го чистат снегот, го клоцаат, го туркаат, со голи раце го ринат од пругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Смирен, вооружен со трпеливост, продолжи да го рине снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)