го (зам.) - решава (гл.)

За можноста од остварување на своите права по судски пат тој се консултира со претставниците од синдикатот во фирма- та, како и со адвокат (М.Мишевски) – кој, пак, понатаму ќе го застапува во сите фази од работниот спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Битно е да се нагласи дека Лозановски (а и другите вработени) никогаш не се реши да покрене судски спор поради престанокот на работниот однос, заради непостоење на формално-правна можност од евентуал- но враќање на работа и прераспределување во „Топлификација“ АД – Скопје, која иако беше надредено матично друштво и основач на „Топлификација Битола“, законски немаше никаква правна обврска да го решава статусот на работниците кои беа отпуштени поради деловни причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според Чанга со козјото прашање во почетокот, се занимавале во Информбирото и дека не бил заземен единствен став, ами било оставено секоја партија, негова членка, да го решава според специфичните услови во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Далеку поблиски на популарното разбирање на виртуалноста се Гибсоновите SimStim- ови, што се неинтерактивна верзија на VR, интерактивна ТВ на 21. век, што го решава претходно поставениот проблем со сличен конзолски пристап како кај cyberspace-от.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој проблем со вишак мушкарци го решаваат на следниот начин.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И, така, тој погрешно го разбира начинот на кој функционира еден заменски идентитет создаден преку таква вкрстена идентификација – односно, точниот начин на кој Џоан Крафорд за некои геј-мажи функционира како заменски идентитет. ‌Во секој случај, суштински е важно геј-идентификацијата да не се сведува на геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ТОНИ го решава проблемов така што на првото место од својот список на „Десетте најдобри моменти во геј-културата на Њујор Сити“ не ги става стоунволските безредија – тие се на второ место – туку на „Руфус ја пее Џуди“, настапот од 2006 г. во Карнеги хол во кој Руфус го преизведе легендарниот концерт на Џуди Гарланд од 1961 г. и ги отпеа сите песни по истиот редослед и во истиот простор.434 Сепак, ТОНИ на читателите им го дава изборот мошне остро.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе сакате да го слушате Руфус Венрајт или да ја слушате Џуди Гарланд?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Труман Капоти или Херман Мелвил?433 Со други зборови, дали ви е подраг оној вид култура што е вкоренет во геј-идентитетот или оној што е вкоренет во геј-идентификацијата?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Проблемот е во тоа што она што е навистина старомодно не се геј-баровите и геј-бањите, не се ниту заедниците што тие ги создаваат, ниту сликите од Дејвид Хокни со момчиња што скокаат в базен, ниту романите за машкиот геј-живот од Ендру Холеран и од Едмунд Вајт – колку и да е сето тоа старомодно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Погрден е, на еден или на друг начин, и за жените и за геј-мажите, затоа што го пренебрегнува она што ги разлачува едни од други и затоа што не им ги признава субјективните особености, а тие, најпосле, се оние што ги удриле темелите на можноста за вкрстена идентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто таквото сведување би го збришало самиот проблем што се нафатило да го решава, бришејќи го токму она што предлага да го објасни – имено, значењето на женствените идентификации на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Русија и Австро-Унгарија, со помош на другите големи сили, македонското прашање ќе го решавале преку спроведување на реформи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Речено е дека снабдувањето со динамит било најсериозниот проблем што требало да го решаваат атентаторите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да беше било така лесно и арно свикувањето на конференција, и сега ќе имавме друг начин за третирање на нашите работи и наместо Европа да ги остави Русија и Австрија да го решаваат нашето прашање – сите европски големи сили ќе сакаа во него да играат еднаква улога.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред некој ден, го нахранив моето љубопитство со податок што зборува дека: „Секојдневните проблеми, притисоците на работа, долгиот период на транзицијата, Македонците, наместо со психијатар, го решаваат со Дијазепам“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го сеќаваше блиску, на дофат, она најмачното, што го има да го реши човек за себе во нашиов живот, ако го решава онака длабоко и вистински, како што треба, а тоа беше определувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа е историскиот процес на либералната демократија во којшто класата се дислоцира самата себе и не го решава проблемот во рамките на една чувствена одбрамбена реакција, туку го прави непроблематичен во динамиката на својот развој - НАДМИНУВАЊЕ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Пред илјади години, според кинеската историја, војсководци со фигури-војници, борни коли спорот го решаваа на минијатурно бојно поле, како на шаховска табла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште поубаво речено, мој Клименте, но сепак ние да си се спуштиме на земјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но поетот со нова метафора го решава проблемот на човековата судбина: Биди ѕвезда на својот живот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Конфликтот со неговите родители, ја остави да го решава сама.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа Хелвиг не се обидуваше да го решава. Знаеше дека ништо нема да измени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
По таа причина сѐ што требаше да излезе пред султанот, го решаваше Великиот везир.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Главната при­влечност на оваа серија на Хичкокови филмови е во самото патување, зашто јунакот во диво темпо паѓа од една ситуација во друга и доживува цела низа од трагикомични авантури (“Саботер” е најслабиот од серијата токму затоа што тој елемент во него е најзастапен); така, во сите три филма од серијата ја пронаоѓаме варијацијата на истата тема: јунакот во бегство пред злосторниците непредвидливо се наоѓа пред 32 Margina #21 [1995] | okno.mk наивното граѓанство, што од него очекува јавен настап и во момент, тој мора да се сети на решението: како најдобро да го при­добие очекувањето на публиката; честопати го решава истото и пред прогонувачите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никој никого не може да помилува и да го ослободи од некој грев!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Многупати кога мислиме оти греши само еден од нас а не и другиот, всушност грешиме заедно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Друг го решава тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во војната и секундата, што се вели, го решава исходот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Тоа го решава Москва, ни велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)