го (зам.) - репродуцира (гл.)

И дали „трупот” (во оригиналот: мрц, заб. на прев.) е обид за нагалено обраќање кон лешот, т.е. кон стрвината, цркотината (што значи тој збор во Скоковиот речник) којшто, ете, со некоја морална инверзија (терор на акултурниот витализам) станал Севишниот, или писателот само реалистички го репродуцира чемерниот Weltanschauung на своето потесно родно место, тоа не е јасно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Едноставно, потсвеста е таа што доживотно ќе ја прогонува личноста на поетот и ќе го возобновува архетипот, но никогаш, и покрај огромните напори, авторот нема да успее најпрецизно автентично да го репродуцира (за среќа!) туку осознавајќи го ќе го надградува со својата филозовска порака и имагинација.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Далеку од тоа дека се иззема од хистеричната возбуда што дречливион наслов сака да ѝ ја внесе на масовната публика на која ѝ е упатен, тој радо се асимилира себеси во таа публика, присвојувајќи си ја мелодраматичната реторика на насловот, го цитира и го репродуцира со подбивна сериозност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Започнувајќи ја песната со зборовите од насловот и рецитирајќи ги со сопствениот глас, тој активно (односно, пасивно – односно со активна пасивност) ја зазема положбата на субјект што трачерскион наслов му ја натура на неотпорниот читател.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Себеси се прикажува и како простодушник и како разочаран критичар на надуениот новинарски дискурс кој го користи како стомакозборец.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму преку тие доминантни културни облици, дискурси и жанрови тој успева да си изреже себеси упадливо нестандардна положба на полето на родот и сексуалноста. ‌О’Хара си го претставува односот кон плакатскиот наслов како однос на помешани лековерност и скепса.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму прифаќањето на таа улога е она што го репродуцира интелектуалниот и општествен конформизам во Хрватска.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој го репродуцира во неговата над-целност, во тајната не-смисла која се шири од самиот процес на објективирање.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не ли е човекот едновремено и најлогичната и најмалку логичната метафора за Бога?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дали маниристот воопшто може да се спаси од демонскиот порив на постојано интензивирање сѐ до лудило, за еднаш себе си да може да се види во огледало, а не огледалото да го репродуцира во неговата самобендисаност и изворен грев, да го покаже ненашминкан? (...)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)