го (зам.) - регистрира (гл.)

Мошне е важно испитаникот слободно да си го чита часописот и да се задржува каде што сака и колку што сака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Камерата го регистрира и точното време на задржување на одредени места.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Останатите спотови служат како кулиса.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Без оглед која програма ќе биде избрана спотот едновремено ќе биде емитуван на сите три мрежи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, доколку испитаникот се обиде да го „прескокне“ спотот еден уред тоа автоматски го регистрира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа со испитаниците редовно се прават и тестовите на присеќавање и преференцијата на робната марка, што е идентично како кај ТВ спотовите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не беше тешко да се задржи безизразно лице, па дури и дишењето можеше да се контролира со извесен напор: но удирањето на срцето не можеше да се контролира, а телекранот беше доволно чувствителен за да го регистрира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој и Џулија разговараа само со шепот и микрофонот не би можел да фати што зборуваат, но ќе го регистрира дроздот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Томо како воопшто да не го регистрираше говорот на Ружа, така што едноставно не се ни вклучи во разговорот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со последното крајче од свеста го регистрирам нежниот глас на спикерката...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Уште од вратата, Александар, го регистрира нејзинит задник, вкомпониран во црни тесни фармерки.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Алек стикот! Александар го регистрира на портот на лап - топот на кој што вчера го гледаа филмот. Го извлече во секунда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
75 број за странец, доколку одговорното лице не го регистрира почетокот на работата на странскиот работник во рок од пет дена по регулирањето на престојот во државата врз основа на издадена дозвола за работа (чл. 8 од ЗИДЗВРС/фев.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Записите, некаков вид дневник / извештај за секој поминат ден (беше моја задача тоа да го регистрирам) останаа во една пожолтена тетратка, што секако при трансформации на планинарската организација - не била сочувана, како и многу друг архивски материјали - документација од тоа далечно време.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Засега во градот имаме осум мерни места што сама го регистрираат загадувањето и тоа со оглед на концентрациите на чад и сулфур диоксид.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)