го (зам.) - расчистува (гл.)

Беличот остана горе со бригадата што го расчистуваше веќе ископаниот канал, а Мече беше одреден за водоносец на една бригада што работеше на реката.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Колку што зауши и големиот на Богородица тргна по него, ама од надвор доаѓа и остриот и лут глас на Дине што предупредува да не се фаќа ништо од она што тој го расчистува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќе мора тој сега тешко да го расчистува патот до стварното, без помошта на претходното насетување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)