го (зам.) - расфрла (гл.)

Тогаш, тие години, гледајќи го расфрлан на сите страни и неприбран дома, не со злорадост туку со жал за него, некои пуштија глас дека од што се вдал по одобрението, Максим се померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога по некој ден пак го виде внатре каде што ги пофаќа предметите и прави нешто, се исплаши да не тргне по патот на татко му, собра се што имаше во лабораторијата, отиде в град и продаде што беше повредно, а другото го расфрла и искрши.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Летото , ми се чини, ни го украде детството, ни го расфрла по синорот на селото, по салашите, по нивите и каналите, по вагоните од селото до Сомбор, по патиштата до Ригица, Станишиќ и Бездан, по веселбите и приредбите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И го кине меѓу гранките, го расфрла по парошките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)