го (зам.) - растури (гл.)

Кога виде дека неговите сопланинци ги тераат да слезат во градот со козите, да се фатат за тешкиот алат и да станат железна работничка класа, Чанга мислеше оти некој сака нарочно да го растури природниот поредок на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го дофати од гранката небесна герданот од бисери и го растури по насмевнатото лице. Мелодијата стивна.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Ајде мамо, не зборувај така.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од моментот кога слушнав што ни препорачува размислувам само за тоа дека ти и јас сме повикани да го сочуваме она што тој се обидува да го растури.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стихот „Везден мислам на тие што вистина биле големи“ веќе никако не може да се сфати сериозно кога првото лице во стихот ќе се лиши од величието и од патосот ако се преправи во домашна дива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
В. Х. Оден успеал засекогаш да го растури најпрочуениот стих на Стивен Спендер токму со таква кампска субверзија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или „не ми ти може мајка ти поинаку – многу ми те сака“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така, „мајка ти ми ти е многу уморна денеска – денес да бидеш добар кон неа“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Паметиш, му велам, кога поминавме еднаш покрај местото на стрелањето, како се одделија неколку наши и набраа полско цвеќе и го растурија таму?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој не сака да си го растури огништето, тој само нуди да ѝ го збогати животот со мајчинство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој предавнички се повлекол со еден чекор - да ја земе, а жена му со трите гулапчиња в скут?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таков случај, говорот се губи затоа што зборовите можат само да го растурат она што мажот и жената го знаат еден за друг.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А и ќе ти го растури животот со Марша.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ете, и... ви го растурија бракот. Огин да ги изгори...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Петра сакаше да вресне, сакаше да му залепи една тешка шлаканица, само сето тоа го растури Чана велејќи ѝ Бабо Петро, ова е за тебе!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
БОЖАНА: Не слушај го свату...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Си дошол огништето да ми го растуриш!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Толпа народ се насобра и сите го креваат показалецот на левата рака кон стаклото а со десната се крстат; па мораше и милицијата да се замеша за да го растури збудалениот собир.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А јас, а да се престорам во змев, да летнам, да го растурам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Еве вака: знаеш колку имаш да ми даваш. Еве го сенетот. (Вади од џеб хартија.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да не им го растурат комунизмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога Фимка се доближа и скоро застана до неа, девојката подаде кон неа рака обврзана со окрвавен завој, погласно залипти и низ липтежот одвај чујно изусти: - Мајко.., мила, мајко моја... таа толку тивко прозбори што се чинеше дека ветерот некаде од далеку донесе само шумолење од глас, го удри од карпите и стеблата и го растури меѓу тревјето во лединката распослана под сенките на високите борови и само делче од него стигна до Фимка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нејзиното “разбрав” го потфати ветерот и го однесе вејавицата, го растури меѓy боровите и го изгуби долу во трапиштата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Говорот што го одржа командирот, го крена ветерот и го растури низ клисурата, го разби од карпите и го одвеа по трапиштата ко песок меѓу прсти...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сепак, исто така знаат дека ништо не ќе го растури нивното пријателство.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Перса, иако со радост во срцето, не се обиде да го растури темниот молк, само си прошепна во себе Така ќерко, така златна на мајка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сакаат да го растурат. Му фрлиле око на богатството.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)