го (зам.) - растура (гл.)

* Седам во тремот додека заврнува дождот прво големи капки ретки звучни како пари го растураат ројот од инсекти градите што ги дави потоа под нив пее нежниот тапан на земјата меката намовнатост на прашината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И земам го растурам разбојот. Имав еден ложник клаено за ткаење ама одам ја кинам основата, ги истргувам повраталките, го вадам кросното, фрлам, чкрипци, ништи, малки и брдила, ги урнувам демите, ги клоцам подношките, сѐ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На одарот од другата страна обично е испружен Бај Шишко, ако не потпевнува тогаш со гласовите на носот кажува дека не треба гласно да учам француски или руски за да не му го растурам сонот, меѓутоа не можам да сфатам како забележува или како станува свесен дека не учам и дека внимателно сум се спружил држејќи си ја главата со двете дланки зад тилот, тогаш се открива дека не ни спиел, не ни потпевнувал, туку само демнел миг кога ќе се опуштам за да почне разговор со мене.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јас го вадам „скакулецот“ и отсекувам едно големо парче од газот, таа дигна врева, како божем за тоа сум ѝ дал малку пари, а јас ѝ го растурам мозокот. Тогаш ја фукам од чисто зезање”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Филмот што произлегол е поучна, предупредителна сказна за злото на разводот и за русвајот што го предизвикуваат независните жени.266 ‌Проблемите започнуваат кога сопругот на Милдред ја губи работата во текот на Депресијата и кога веќе не може да си го издржува семејството, што на крајот ја тера Милдред да преземе и таа да носи леб на маса и да стане – со тешка, самопрегорна работа – успешна, авторитетна и, најпосле, богата деловна жена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сѐ поголемата самостојност на Милдред и економската обезмаженост на нејзиниот сопруг им го растураат бракот и ја туркаат Милдред во врска со сладострасниот, етнички нејасен изданок на едно аристократско, но осиромашено семејство, Монте Берагон (кого го игра Захари Скот, пресно излезен од впечатливо опачното деби како лошиот шпион во филмот Маската на Димитри од 1944 година, заснован врз романот на Ерик Амблер).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Би можеле засекогаш да ги затвориме носот и устата, да го наполниме стомакот и среде гради да избушиме една дупка за воздух, кадешто, впрочем и е местото...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дел по дел, камче по камче од мозаикот вадам, Едното го растурам на две, на три, на многу, го парчосувам Едното и пак го редам, го подредувам во Едно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)