го (зам.) - растресува (гл.)

Затоа тој секогаш само Неа ја обвинуваше, само во Неа го бараше виновникот за плимите и осеките што го растресуваа нивниот брак.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛУКОВ: (Го зграпчува за јаката и го растресува.) Сигурен ли си?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Темнината стана страшна кога започна пукање што го растресуваше градот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ЛУКОВ: (Му приоѓа на Фезлиев, го растресува за јаката од палтото и го фрла во најблиската фотелја.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)