го (зам.) - растргне (гл.)

Само требаше да скокнат и да го растргнат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ракија, збратимување, пак сомневања. Некои од дружината можеле да поскокаат и да го растргнат човекот со креста и во мантија под износениот кожув.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Капарот што ни го пратија не беше голем.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го растргнаа, онаму, во коријата. - Го растргнаа!? - ги рашири очите Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Зимоска волците го растргнаа Караман, знаеш, и сега сме само со едно куче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оној млад човек кој и додека чекори се чеша од стапалата до главата и назад ќе стигне до бедемите на друг град, и ќе посака таму да влезе, но ќе го убие еден витез, кој неколку дена пред тоа ја освоил својата сакана на витешки натпревар и ѝ испеал песна, со рими искажувајќи ја својата љубов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној старец што свирка како врапче ќе го растргне волк.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако го растргна последното диво јаре на поило, дури отаде планина, се како опусте наоколу. неколкупати оттогаш се искрадуваше од својата јама, дење итро и претпазливо, ноќе скриена во мракот и послободна, но не најде трага на ниедно животно. млекото ѝ секна, лутите чеда, недостасани за крв, ја кинеа со гласни писоци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)