го (зам.) - растовари (гл.)

Тодор ги доведе гостите дома, го растовари сеното и се распореди за вечера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трајко и Куле го зедоа Бошевото магаре и приквечер Трајко го однесе Адема дома и му го растовари на Муарема пред кулата, за да го лекува анката две три недели.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама ќе ни го најдеш и Најда, а? му шепна Толе на ушето и застана на едната страна на магарето да го растоварат со дедот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ами ако ме пречека некој заптиа в седо да му требе трева за коњот, та да ми го растовари и да ја најде торбата?“ „Ами ова? Ами она?“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги внесе врзмите во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата и ја закопа длабоко во истиот ќош. Не заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го растовари својот подавалник и веднаш почна да јаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бидејќи цел товар оружје не можело без опасност да се внесе во градот, било договорено утрината на патот под селото Цапари да го чекаат двајца членови на Организацијата и на определен знак да им се довери да го растоварат оружјето во Цапари.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дедо Петре го растовари магарето. - Ете, пештерата - бигорна ќе ве засолни.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се вратил глас да го залепат старецот, ама да не му стават адреса каде да го растоварат, само што од тука вратиле дека е невозможно тоа да се направи зашто и другите чекаат да тргнат со него, каде тој таму и тие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вагонот со пљачките стигнал на 1.11.1951 и сме го растовариле на платформата кај фабриката Мичурин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чекам да го растоварат камионот и да тргнам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајка ми беше излезена да му помогнеме на татка ми да го растоварат магарето со дрва, а тие, браќа ми и сестрите, којзнае каде беа забарани, а баба ми дојде со тавата на огништето да прави кавурма да ручаме.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)