го (зам.) - распрашува (гл.)

Достасаа во Потковицата едночудо луѓе, агенти, од Тополчани, од Прилеп, од Битола, и сите од ред го распрашуваа за Јована и за неговата придружничка, но најмногу, нив, железничарите ги товареа: зошто уште веднаш не го пријавиле Јовановото заминување?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа, властите се распрашуваа што правел Јован за сето време во војната, дали нависитна тој ја растурил бомбата од Црн Камен, дали одел често на станицата и на Битолско Џаде, и дали тогаш, при одењето од Потковицата, го отворил пред некого од нив куферот или дали само му кажал на некого навистина што носи внатре, во куферот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јован го внесе Толета во другото одајче и таму, почна да го распрашува за вилаетот, за луѓето, за зулумите, додека дојде и тој на ова прашање за некоја парица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа во Битола се вршеше распит на граѓаните. Го распрашуваа и Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Јас сум млад човек и ми се шета. Нема да седам на едно место... Знаете... како е... младоста.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Можеше да го распрашува цел ден без да добиеш ниту една вистинска информација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Приказната ја збуни секретарката, но сепак таа не го распрашуваше.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- И слепо и чкулаво подава рака по змиско јаболко, се лутел Симон Наконтик како осамен светец на семожни гревови позамрсени и од волчи црева, всушност повеќе исплашен отколку величествен набожник зашто го потресол крик на див петел од лесковата шума на селото, предупредување на смртта што брза кон такви каков што бил тој, за кого женското милување претскажувало почеток на пропаѓањето на светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пелагија за да не ѝ овозможи на Пена да оди понатаму и за да не стигне до оној црн ден што ѝ ја има зацрнато животта на момата, се сврте кон Танаско за да го распрашува каква му е работата во фабриката за конзерви.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Наседнаа пак и селаните и поп Јаков и почна да го распрашува калуѓерот. – Е, добро дојде оче, да те прашаме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега агата го викна в дуќан за да му плати, му нарача и шербет и почна да го распрашува и да го исмејува, да му се руга, сметајќи го за глупак. – А така, суреди вас Мариовците кадијата наш, а?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ех, сега ќе почне да го распрашува како што таа има обичај и ќе биде мошне непријатно - си помислив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сега ќе почне да го распрашува како се вика, кои му се родителите, каде живее и учи - треперев и не се осмелував да погледнам во него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Кој си ти, што си ти, од каде си ти?”, почнале да го распрашуваат чудејќи му се на облеката - ни градска ни селска, ни цивилна ни војничка, ни детска ни возрасна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Речиси немаше час да не го дигне од местото, да не го распрашува, да го тормози на секаков начин.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Замислено следејќи го со поглед модриот чад, почна да го распрашува ранетиот од каде е и кој е.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За да го сврти разговорот, почна да го распрашува старецот за неговиот живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој раскажуваше, ние црвенеевме, а Берта Ауербах сигурно веќе имаше решено уште таа вечер да му каже на овој млад човек дека ја откажува нарачката за семејните портрети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој таа вечер раскажуваше бесрамни нешта, кои се премолчуваа во секој дом и во секое друштво кое не припаѓаше на самото дно на општеството; дури и кога пријателите на Берта се обидуваа барем малку да го насочат разговорот на друга страна, па го прашуваа за тоа каде ги направил првите слики по нарачка, тој зборуваше како на петнаесет години во некоја јавна куќа насликал неколку актови на ѕидовите, а потоа раскажуваше што сѐ правел таму освен што сликал; го распрашуваа кого портретирал изминатите години, а тој ги набројуваше портретите на сопругите на месарите, банкарите, докторите и професорите, и помалку зборуваше за портретите, а повеќе за тоа што сѐ правел со портретираните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко ти не се шегуваше туку најсериозно го распрашуваше Циган бидејќи тој бесрамен злосторник со часови знаеше да се притаи под некоја гранка на кралчето и стрпливо да ги дебне несреќните пилци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Слушав и самата како го распрашуваше, и тоа одоколу.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Седнаа. Ангеле почна да го распрашува за здравјето, за децата и за сѐ, само ни збор не спомна за јатаклакот негов и за Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Наместо да го обрне вниманието на главната точка на работата, тој почна да го распрашува Акакиј Акакиевич: а зошто толку доцна се враќал, да не наминувал и да не посетил тој случајно некоја непристојна куќа, така што Акакиј Акакиевич сосема се засрами и излезе од него и самиот не знаејќи дали прашањето околу шинелот ќе си го добие потребниот тек на работите или не.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)