го (зам.) - расправа (гл.)

- Тоа не е наша работа... - рече полковникот Жино. - Ние не сме овластени тоа да го расправаме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И тој почна да му го расправа на Милета оној настан од есеноска, со затворот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нема ништо за тоа што се случувало натаму со бродот, ниту пак тоа е важно за ова што го расправаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)