го (зам.) - расположи (гл.)

Ако работеше во ова бифе неговата секретарка Јованка, трудејќи се да го расположи, сигурно веќе ќе го прашаше со што би можела да го послужи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас се уште го сакам исто како и кога бев мала со таа разлика што сега знам дека тоа не беше поради подароците што ни ги носеше, туку заради радоста што неговото присуство ја будеше во нашата куќа!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во шумата го заплиска чист планински воздух, го освежи и го расположи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ми се налути затоа што од него побарав нешто за што не разбрав дека не е подготвен да го направи, а мојата балканска душа веруваше дека тоа во најмала рака ќе го расположи, ако веќе не го израдува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)