го (зам.) - распне (гл.)

Христа - Единороден Син Божји - безгрешен го распнале на Крстот - за опростувањето на нашите гревови...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Неколку момчаци, синовите на покојните Онисифор Мечкојад, Никифор Ганевски и Каменчо Скитник, биле врзани за дрво и јавно тепани со камшици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сетнем, дојде друг. Го фатија, го распнаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Се искачиле на Голгота. Тука го распнале Христа а по Него и двајца разбојници - едниот од десната, а другиот од левата страна.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)