го (зам.) - распара (гл.)

Го зачуди фактот што на пликот нема име на испраќачот... Го распара пликот и остана вчудовиден!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе им го распараат пакетот и ќе им го избуричкаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ќе ти го распарам мевот, вели, и живо куче ќе ти зашијам во него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некогаш многу подоцна, иако тоа се случи истиот миг, сознанието од Језекила го распара и оној продорен вресок; беше тоа еден таков глас, од кој морниците по телото се крвави, зачестени, немилосрдни боцкања со игли, еден цел сноп игли, што минуваат по целата кожа, а потоа се присобираат во темето и тука длабат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можејќи да излезе во првиот здив, онака ужасно надојден и разјарен, викот му го распара грлото и згина без одзив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама што народ сме ние, луѓе?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад го распарал животното со долго и сигурно движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Која од вас ќе ми го распара лицето, ќе ми ги извади очите ќе ми го раскине грлото и ќе ми ги распара градите, борејќи се за сопствениот живот?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ех, арно - рекла му таја најсетне - ќе видиш ти каква је таја женска белја!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И Марко имал нож у чизмата, извадил и го распрал и коа паднал Мусо Ќесеџија, го распарал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Една риба.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Брзо му го распараа самарчето од коњчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со ноже го распараа конецот од самарчето, го ставија внатре писмото, набрзина го сошија, и, како ништо да не било, се вратија назад и седнаа на буката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Планински го распара Самарчето и оттаму извади голема и широка хартија, како географска карта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Можеш со рака да го досегнеш и да го дупнеш, да го распараш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)