го (зам.) - раскопа (гл.)

Сите следни денови, кога летото беше веќе во својот зенит, притиснат од сè наоколу врело, се борев со потребата да го раскопам оној гроб, да го дознам и она што, можеби, е подобро да не се знае.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе излезам, ќе го раскопам снегот и ќе им откорнам од празот на децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оној младич имаше толку остри зборови, со нешто толку волшебно во нив, што само по неколку вечери можеше да го раскопа пред Змејковите очи сиот мраз, во кој беше стегнат тој живот околу него, а за кој Змејко ниеднаш не бил во состојба ни да помисли дека можел да биде и така соголен, разглобен и покажан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дојдоа, потоа, да го раскопаат дворот, го исчистија од плевел, од лишај.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)