го (зам.) - расипе (гл.)

По два дена беше сторена вистинската работа: одново се свикани, попишан е остатокот, пристојно се третирани.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А она за што треба да преговара - се фаќа Мертен за рачката на еврејската канцеларија местејќи ја срдечната, како што ја нарекува меѓу блиските, „филосемитска“ насмевка на лицето и молскавично рекапитулирајќи почна таа сабота на 11 јули 1942 на Плоштадот на слободата, во близината на пристаништето каде што од утринските часови се собраа над 9000 полнолетни мажи Евреи, а како часовите врвеа и еден сѐ поброен куп љубопитници, обични граѓани од сите возрасти, дами и госпоѓици и војници на отпуст, без задолжение во конкретниот зафат на кој тие 9000 души со часови, најнапред беа попишани, а потоа, терани да прават салта, да изведуваат глупави гиманстички вежби на врелото сонце, без заштита на главите, со бројни онесвестувања што на крајот го расипа првичниот весел впечаток и во присутните почна да создава непријатност и отпор...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го расипав здравјето, му ги потрошив парите на татко ми…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ако влезиме тамо, ќе не намирисаат та ќе си го расипиме меќанот во Пчишча.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сега, како велито вие: децата јадат сливите — на старите трпнеат забите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ќе се даваат, нема чаре. Me вати такцирот!“ — си заклучи Стеван. ,Де го расипе тој пес детето, ако не му и занеса навреме".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токо, јас вела да го плате селото како шо се плаќа секоа глава шеесет па еве и сто нека го плате; земете и вие за страот и шо ви го расипаа раетот една ноќ, по стотина, та се на се да собереме триста лири, ми се чине не се малку пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— избувна Сефедин со сета своја жестина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, море, бег, ете бидна една детинцка, аџамичка работа, токо деца како деца, нека е жив царот, риџа идерум, прошчавајте, ви го расипаа раетот една ноќ, да му се невиди, што можиме ние старите да му правиме?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се замеша веднаш Челебијата и не го даде на гавазите да го расипат на место.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во спротивна насока можеш сосила да ја движиш, ама ќе го расипеш часовникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па си велам: Будалче, не размислувај... денот ќе си го расипеш... есенската прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мора токму така да си врви, како што се движи стрелката на часовникот - одлево надесно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наеднаш раатлукот ми го расипа инстант помислата на животинското царство и петте никогаш непрежалени сликици кои никад не успеав да ги пронајдам.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Не сакаше да го расипе балканскиот покер. А почнуваше нова игра.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И на куќа може да ти слезе, ама ќе ти го расипе покривот на куќата и затоа за него, кога треба, се прави спешл место, некое како Тумбица ваша...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И така го расипав минтанот и ги собрав в куфер да ги однесам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Со себап сме се собрале, убав ни е муабетов, сакаш да ни го расипеш? Гледај си го ќефот тука!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Може тој мене да ми го расипе!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не можејќи да го расипе она што беше го направил, нешто за што знаеше дека е невозможно, она што најмногу го сакаше беше извесно ублажување на суровоста за тоа што беше го направил.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ти и твоите пријатели можете да направите сѐ што направиле големите религии и етнички групи во име на нивниот Бог.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Напиши го твојот сопствен Најнов завет, имајќи на ум дека доброволното мачеништво е невкусно, а распетијата, како и нуклеарната војна, можат да ти го расипат денот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но кога видоа западните држави оти се излагани и оти Бугарија раѓа такви луѓе како покојниот Стамболов и живиот Свирчо, се успокоија и зедоа против волјата на Русија да го прават тоа што самите го расипаа во Берлин.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И ден-денеска некои племиња во Африка закланото месо од добитокот и дивечот го држат цела година нерасипано премачкувајќи го со мед кој не им дава на бактериите да навлезат во него и да го расипат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уште малку ќе посакаш од мене да ти поверувам дека го насочуваш на мене својот пиштол само за да спречиш, читајќи го ова писмо, да не си го расипам - апетитот?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Ее, мори жено, можи сега да ни го расипи, можи да ни го остаи како напред, коа дојде пред неколку дни.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ејди, море домаќине - му рекла врабицата на врабецот - еве го пак стопанот од лозјето, дојде за да го кроит и кроејќи ќе ни го најди седелото и ќе ни го расипи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тие зборои 'и чуле врапците, и му рекол машкио на женцкио: - Али чу, домаќинко, оти чоеков нема да го кроит лозјево и да ни го расипи седелото?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Освојуваше чекор по чекор од таа белина и тоа сега никој не можеше да му го расипе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мори, кој ти го расипа олку лицето, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ема не сакаше со претпоставки да си го расипе таквото чувство и да се откаже од таквото чувство со кое беше богата, пребогата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, кога ќе почувствуваше дека вака сериозна тема може да му натежне, да му го расипе денот, Ласте Думбаровски со мислите ќе се сконцентрираше само на трнот, како магарешки, и на магарето, како такво, ќе ги релативизираше нештата, ќе се опуштеше, ќе ја пикнеше муцката во кожната јакна, ќе се изнакикотеше, и слатко ќе задремеше во фотелјата сместена во малата канцеларија, веднаш до просторијата за прием на стока.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Баш ми изгледа интересно дека кога го развлековме BACH добивме CAGE, а пак кога го развлековме CAGE повторно добивме BACH, со мала збрка внатре (A и C си ги сменија местата) Како BACH да си го расипал стомакот минувајќи низ CAGE меѓуфазата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го расипаа најубавото што ѝ се случи ... Ќе стане мајка...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се степаа Димовите „Грци“ и Биновите „Бугари“. Се замешаа некое време заптиите и го расипаа „муаребето“, откако се расцепија по неколку глави од двете страни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секако на обајцата им беше криво што го расипаа договорот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крчо Попов го расипа адетот. Ја пободиња малку одутрина кобилата на новиот нунко Димитрија од Бешиште, дојде дватрипати до Рожденкината порта — проти сите адети — и за малку што не јаде ќотек од Трајка Малов, кога рече ота сака да ја види невестата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Их, што си бевме раат досега, бесот да ги фати, што ни го расипаа – почнаа да се жалат старците што останаа со попот и ќефалијата. Тие знаеја што значи Турчин.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Видиш, - рече Шишман. - Добро оти ти текна. Бадијала ке го расипевме пликот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
При сѐ што нејќеле да ја даваат без Силјана, арно ама откај зетот не чекале и друго чаре не бидувало: или ќе им ја даделе или ќе ја оставеле; на зортот згора, за да не ѝ го расипат касметот, стрексале да им ја дадат и друго ништо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Да, токму тоа; последните години од немиот филм, големите синеасти, па дури и целата продукција, достигнаа извесно совршенство, па може да се смета дека изумот на звучниот филм го расипа тоа совршенство. Margina #21 [1995] | okno.mk 23
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Запазете како Винер и романските технолози го расипаа значењето на зборот кибер.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Грчкиот збор „пилот” станува „управувач” или „водач”; зборот „to steer” (кормиларење) станува „контролирање”. 98 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некоја непредвидена околност или недоразбирање им го расипа мојот спровод.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сакаме да го расипеме и го закриваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислиш некоја сипка пее за да го расипе времето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За ракописот на татко ми да не ви раскажувам. Тој вели дека си го расипал со пишување рецепти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Веќе си го расипав ракописот иако не сум ни лекар, ни новинар...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Јас како си поминав! – свикувам и чувствувам дека ми надоаѓа лутина, ама се воздржувам за да не го расипам „дружењето“. – Што имам јас да си поминувам, знаеш како е, во школо, од школо дома, учење, малку телевизија, малку со другарките, легнување, пак станување, па во школо и сѐ така, сѐ исто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тетка ми Оце, Дена и јас се стискавме одзади, меѓу патните торби, кесиња со храна и играчките на Дена, и не ни беше којзнае колку удобно, ама ништо не можеше да ни го расипе доброто расположение.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сега сме на куп сите женски од нашето семејство – забележа тетка Ане, видно задоволна од тој факт.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)