го (зам.) - расече (гл.)

Усвитено парче од топовска граната му го расече левиот бут од над коленото до колкот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Молскавици го расекоа небото и удри да врне.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Не“, притрча таа кога агентот првпат го удри со тупаница и му го расече образот со остриот камен на прстенот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Предо се загледуваше во нашите ножеви и виљушки, да види како го правиме тоа, па и сам го расече својот ширден правејќи од него партал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ме труе, сине! Еве, во супата, плива нешто. Мајка ти, кучка, вели – компир. Поцрнет! Го расеков, го помириснав – смрди!“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)