го (зам.) - раководи (гл.)

Овие принципи ќе го раководат и правописот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така проповедал Гоце - пишува неговиот биограф П. Јаворов - зашто само љубовта кон народот го раководеше на секоја стапка во неговиот бурен живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со вешто исплетени дезинформации, преку некои македонски орудија во рацете на бугарската пропаганда, ТМОРО беше свртена не само против Мисирков, туку и против целото ова движење што го раководеше МНЛД на чело со Д.Д.Чуповски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога Коуан започнал да го раководи институтот во Санта Фе пред осум години “за да го поттикне истражувањето на сложеноста”, тамошните истражувачи започнале да се прашуваат дали новопојавената теорија за сложеноста може да се примени врз адаптивни системи, како на пример врз клетки, организми или цели економии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но со оглед на тоа дека вие знаевте оти животот не го раководи некоја си судбинска предодреденост, а можевте и да си претпоставите дека на таа предодреденост најмалку влијаат нашите спомени, од каде кај вас тоа решение да постапите според сугестиите на сеќавањето и притоа свесно да ја прескокнете државната волја, изразувајќи отворено сомневање кон постапките на овластените државни органи?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)