го (зам.) - разувери (гл.)

Но Мајка веднаш го разувери: - Сигурно ќе му биде подобро ако му ги однесам сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Еве, - рече Шишман за да го разувери до крај и ја отвори кутијата, му ја покажа отворена, го заигра камчето внатре, кое сега во отворена кутија не тропаше толку примамливо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А авторот токму во тоа сакаше да го разувери. Колку што ќе успее.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се обидов да го разуверам. Спомнував некои од моите негативни искуства како резултати на избрзани решенија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одлуката на Иван навистина ја сметав избрзана!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа ноќ не ја преспав мирно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му ги покажав празните дланки да го разуверам, но Генералстап му се доближи, како перце го дигна од земја и го однесе в соба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И еве сега ви испраќам една копија од писмото што не го прочитав повторно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не можев да поверувам дека таа ќе се осмели еден ден да му се обрати на мојот издавач за да го разувери во решението да се престане со објавувањето на моите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Никој не може (па колку и да настојува тој никој) да го разувери дека надвор не врне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)