го (зам.) - разубедува (гл.)

- Не прави се важен, - му довикна оној глас, - нема кој не паднал. Кејтеновиот син ја нишна главата кон земјата, а штом тоа ќе го правеше, тогаш беше попусто да го разубедува човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А татко ми, не сакаше да го разубедува својот син, сите свои синови да ги одврати од патот што започнуваше во нив самите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вербата твоја го разубедува, покривајќи ги неговите преплашени сомнежи, давајќи му сигурност, како што сонето со својот сјај ги осветлува црните лисја.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)