го (зам.) - разреши (гл.)

— Ќе се ранат за ранење, нема чаре, но гледајте баре од зулумите да куртулите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако дојде некаков зорт и прашање за разрешување ќе го разреши најарно тој и ќе ја понесе одговорноста.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веруваше дека само Ататурк успеал со меч да го разреши неколкувековниот отомански Гордиев јазол, да го ослободи дотекот на заробеното, неподвижно време.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако функциите на човечкото тело се механички, однесувањето на човекот, во најширока смисла, вклучувајќи ги тука сознајните и волевите активности, не може да се објасни само со поимите на материјата и движењето, туку бара и други одредувачки атрибути- ментални (духовни).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Декартовиот обид да го разреши интерактивниот однос на духот и телото добива форма на паралелизам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
ЛАМА - „Фриц Ланг е ламја!“, му зборувал Сидни Ламет на Берт Ланкастер. Дошла Џесика Ланг и рекла: „Тоа е лага! Ф. Ланг е ко будистички лама!“ За да го разрешат проблемот морале да ја викнат Хеди Ламар.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На овој простор на медитеранска екстаза, крај манастирот-светилник, спроти линијата на границата на Езерото, границата меѓу моите две земји, често доаѓав, сам со своите или со пријатели, како во предел на поклонение во различни периоди од животот, од историјата на границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Робер Мале останува верен на својата мисија оти по мирен пат ќе го разреши судирот, верувајќи, како и во поезијата која ја создаваше дека останува конечен жител на татковината на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука бев една година со познатиот француски поет и ректор на Сорбона Робер Мале, кому претседателот на тогашната Француска Република, по историските настани од 1968 година, по неуспешната интервенција на полицијата да ја смири ситуацијата, му ја доверува судбината на Универзитетот, по мирен пат да го разреши не само големиот генерациски конфликт, туку и една од големите европски кризи на интелектуалноста и власта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Не ужива. Страда,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, тој не сака да го разреши својот проблем. Ужива во него.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)