го (зам.) - разочара (гл.)

Се мразам што егото незнам да го скротам за секое срање газот да го потам се мразам себеси што Бог го разочарав и погана уста што често отварав
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Низ гаражата влезе право во кујната, го отвори големиот фрижидер и во него ја нареди храната.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оној што го разочара го паркира џипот и додека автоматската врата на гаражата полека се затвораше, од предното седиште ги извади хартиените ќеси полни со пластични шишиња со природен џус, конзерви со сос од домати, парчиња свежа риба завиткани во мрсна хартија, јајца, вакуумиран леб веќе исечен на парчиња, филтер-кафе, пена за бричење, зелена салата, крем за лице за мажи...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оној што го разочара Кога пред неколку години замина, мислеше дека бара само подобар живот, во строго материјална смисла.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Суљо го слушаше пријатниот поздрав и некако, знаејќи дека ќе го разочара и разлути кадијата со својот неуспех, го скисели лицето и му одговори: – Штотуку слегов од коњот, кади баба, имам од злогласното Мариово, абер. – Знам, де знам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)