го (зам.) - разоткрива (гл.)

Среќата ко новороденче во растурени крошни од срцето... го разоткрива виновникот Се појавуваш во огледалото на природата со ангелско лице...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Притоа станува збор за благородна магија: таа го меша корисното со пријатното, таа, играјќи се, го разоткрива човековиот вистински лик.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Пелагија сето ова го разоткрива само што влегуваат и пред да ѝ честита на Деспина и на Роса среќен армас.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)