го (зам.) - размножува (гл.)

Се зафати да го размножува глогот со пресадување на семката, со калемење пупка и гранче на друг глог - но не успеа да создаде негово потомство - глоговите пак си го раѓаа својот благ плод.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Делбите ни се врежани во нас, во генот: ги носиме уште од времето на првите клетки кога почнале да се делат и така да го развиваат, да го размножуваат светот...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Несвесно за својата спекулативна моќ низ времето, тоа го размножува првичниот визуелен, колористичен или звучен архетип во безброј нови заменки но никогаш тоа битие во животот, по силана сè, нема да успее да се ослободи од маѓепсното дејство на неговиот прв оган, прво оро, на неговиот прв збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)