го (зам.) - размачка (гл.)

Нацртав на белиот ѕид човек и после го размачкав та тој личеше на весел црнец со големи уши и малку танки нозе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Очите му се замаглија и се сети како со мистријата црпна малтер, како го размачка во дебел слој врз сенката и како брзо ги стави тешките блокови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Џони извади неколку долари од џебот и со нив внимателно го размачка солилото од потта по целата површина на своите дланки.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
За да ја заведе својата невеста до местото каде што работеле ѕидарите, тој се преправал дека бурмата му паднала таму и, кога таа застанала таму и нејзината сенка паднала врз темелот, ѕидарите бргу ставиле малтер и го размачкале и врз него го ставиле бетонскиот блок, знаејќи во своите срца дека тоа е фатално за нејзиното живо тело, исто како да ја заѕидале жива.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)