го (зам.) - разлади (гл.)

Ѕвезда навлезе во маглата и небаре се завиткува во ладникави превези да си го разлади таговниот огон во неа разгорен.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А пак таа, така насон, се престорила бела гулабица - летнала над него, околу него, размавтувала крилја да го разлади, ама немала ниту шамија - раните да му ги превие, ниту леб, ниту вода да му подаде... и се разбудила сета употена и расплакана...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Градот е фурна - врие од жештина! Никој не може да го разлади!“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога наближија кон пумпата Радуле ја зрграпчи рачката на железото а Стојна се напупи веројатно за да се плисне и да си го разлади спотнатото лице.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)