го (зам.) - разлабави (гл.)

Се завртува ли со тилот кон гостите и се наведува ли да ги наполни чашките од ѓумот, кошулата ѝ се крева и над аловите чорапи и се прогледуваат белите жили под колена. А Бојана отиде уште подалеку: нарочно го разлабави гушалчето и под гушниче ѝ се прогледаа краиштата на градникот, па се прави да не сеќава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нејсе, не мораше да покажува разни вештини за луѓето да се тргаат од неговиот мегдан: чаршијата и така брзо разбра за неговата промена и претпазливо го разлабави менгемето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Коле станува, нишнува со вратот за да го разлабави и размрда, па со палец ги врти лисјата, барајќи го почетокот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кучето пред вратата на кое Калчо пред малку кришум му го разлабави сиџирот, одненадеж разлутено како риз, напна и се фрли врз Бузо, в гради.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)