го (зам.) - разделува (гл.)

Онаа нема и неподвижна Клара која ја видов пред десетина години, беше истата онаа Клара што ја среќавав пред тоа кога одеше со малите Густави по Виена, Клара со која живеев заедно во Гнездо, Клара која ја запознав години пред тоа, кога животот се отвораше пред нас и ветуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Се сеќаваш на мене?“, ме праша. Се сеќавав, иако Клара која ја познавав и Клара која сега стоеше пред мене беа две различни жени, а помеѓу нив зјаеше онаа бездна која го разделува брегот на лудилото од брегот на нормалноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како и да е, корисникот на бројаниците го брои - времето, го разделува истото на моменти кои подоцна ги составува во целина - акт на креација, творештво, создавање. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 111 = момент за спомен = е сувенирот како предмет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Татко, внесен во своите свети книги, стравуваше најмногу за судбината на својот албански народ зашто, троверен каков што беше, лесно можеше да се најде на трагичните распаќа на историјата, лесно ќе го престројуваат на погрешната барикада, лесно ќе асимилираат него­ви делови за сметка на другата вера, ќе го натераат да ги брани границите кои го разделуваа со своите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Границите го разделуваат природното од општественото, светото од профаното, материјалното од духовното, дозволеното од забранетото, „нашето“ од „нивното“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тогаш му доаѓаа, заедно со тие чудесни слики и некои необични мисли од кои дури самиот се плашеше, како, на пример, не му припаѓа тој никому, не е роб, дури не е ни зависен, и сè што е негово е само негово, толку многу негово што тој има право, по своја желба и мерак, да го разделува на оние што ги сака или сожалува, а никако на еминот кој тоа му го земаше сосила.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)