го (зам.) - раздели (гл.)

Првото буле го намака со мед и го раздели на сите комшиски деца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе му кладат самар на добитче, првниот товар дрва ќе го разделат „за здравје“ на комшиите, а кога првин ќе меси девојче буле, ќе го разделат исто за здравје, по комшиските деца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во следниот момент, не сосем случајно, дозволи една мала група луѓе да го раздели од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наблизу е познатиот берлински ѕид што го разделил градот и прочуената Бранденбуршка, врата, која од Рајхстагот ја дели само ѕидот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Откако уште првиот пат, сето јаделиште што го донесоа го разделија, најправедно што можеа без да прават разлика помеѓу војник и офицер, додека седеа стуткани еден до друг во окопот на земја, им се приближи она едно Илија од Русе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И еден ден Раиз целосно го исекол фикусот, го раздели засекогаш од палмата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Раиз, знаеше дека поради тоа беше виновен алчниот фикус.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првин Мајка ќе го разделеше брашното на два дела.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)