го (зам.) - раздвои (гл.)

А знаеш и самиот, дури и јаболкото кога ќе го раздвоиш нема веќе сила што ќе го состави.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Што љубовта како онаа на Јехуда и Алегра споила, тоа не можела да го раздвои ни самата судбина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
8 Преко – синоним за Војводина која се наоѓа од онаа страна на големите реки Дунав и Сава
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во овој однос кон животните Бургиба гледаше како западниот човек го презел арбитрарно правото да го раздвои човештвото од анималноста, кое судбински го опкружува, предизвикувајќи свесно еден циклус на планетарно проклетство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова се случувало на празничните денови на Римската империја, но во денешни времиња човештвото осудува на мачеништво и свирепа смрт милијарди животни, размислувал утешно стариот Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сепак сметав дека ваквите разлики не се клинови што можат да го раздвојат поваленото стебло.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Има и многу други примери меѓу преродбениците кои умееја да го раздвојат дијалектичкото од метафизичкото?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)