го (зам.) - раздвижи (гл.)

Иди и погледај ја таа фабрика, самиот ќе се увериш. И сега работи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова го раздвижи гратчето, внесе живост. Разбиена беше монотонијата на секојдневието.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оние поединци кои го имаат посетувано училиштето за стравувања и стравотии или пак оние другине кои на панаѓурите навикнале да ги шетаат одаите на ужасите можат да се досетат како се чувствував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сонот не му ја мисли многу; зошто да си го арчи времето во објаснувања и додворување; му накалемил на валјакот сајли што ќе му го забрзат одењето, му додал некои нови каиши што ќе го раздвижат, горивото го дотерал така што пламен да фрла наместо чад, а потоа го пушти да ме казни заради необмисленоста на наредбата што ја издадов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговата најголема умешност беше токму во тоа, да го раздвижи она што никогаш се нема поместено од своето место.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Живот со многу, многу случувања, а сите потсетуваат на утринскиот воз што го истура она селско шаренило кое уште пред да бувне од станицата веќе знае дека треба да се вгнезди и век да векува овде, во градов!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ она што е сторено го сторија неговите раце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)