го (зам.) - разголи (гл.)

Зошто само пред тебе можам да го разголам срцето без срам само на тебе можам со емоции да се предадам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И во неделата пред да се пренесат пљачките на Пелагија во подареното одајче, речиси во последните сончеви есенски денови кога зајдисонцата просторот го претвораат во надреален пејсаж, таа го изложи својот живот пред неа без ништо да скрие, го разголи до толку многу што можеше да се чуе како пука голата кожа и шурнуваат безброј бразди крв. Ѝ кажа за силувањето во селото на денот на Богородица, дека едно војниче од мајка родено, не сакал да ја расипе, ама затоа пак добил куршум в чело.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако го разголам грбот и глумам свинско ребро за грав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Премногу е мудра за лесно да го разголи својот живот. - забележа Снеже.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сосема. наслушнувајќи го кркорењето на човекот со куршум во градите, коњот со винско испарување во ноздрите, од движење на кобра го зграпчил со заби офицерот за едната страна на лицето и со тргање го разголил до коска.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)