го (зам.) - развитка (гл.)

Таа го развитка крпчето, помина по гранчињата со прстите, и рече: „Ова не е моето семејство.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш, за време на попладневните прошетки во паркот, Криста му се приближуваше на доктор Гете, и му велеше: „Сакам дома.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека стоеше така успеа, со уште малку пипкање, да го развитка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега не си влезе право дома и не го остави ракавот во камарата над оган, ами влезе в земник, го отвори ковчежето во кое си собираше разни работи и каде мајка ѝ никако не проѕираше, го развитка ракавот, прислушна да не иде некој, ја извади китката, и така сама почна да ја гали, да ја мириса, да ја бакнува по цветот и повеќе по корењето, ја лепеше до образи де од едната, де од другата страна, ја притискаше на гради, та дури го извади гушалчето и ја кладе под левата гола град под која силно, како чекан, биеше нејзиното, тукушто разбудено, младо срце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа го развиткаа кетинот, долгото бело платно кое секој муслиман, преку целиот живот си го носи во чалмата врз глава, и од него, луѓето одредени за овој обред, исекоа и направија, без шиење, три парчиња за главата и градите кои ги врзаа едно со друго, така приготвувајќи го покојникот за заминувањето од овој привремен свет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)