го (зам.) - развеселува (гл.)

Знаев дека и тој си ги насобрал своите глувчиња во просторот меѓу челната коска, темето и слепоочниците, дека и него го радуваат, го развеселуваат глувчињата, по ќошињата од неговата глава.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Прекрасно синооко момче кое сега нѝ го развеселува домот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура на две жици. Со неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. Не знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го носеше, како домаќин, прв да почне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)