го (зам.) - разбранува (гл.)

И сега, ова ита­лијан­ско знаме, зачувано дури од фашизмот, кој му се закануваше на Татко и на семејството, го разбранува Мај­ки­но­то сеќавање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Веќе кога најдов молив стихот како да не беше веќе истиот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
XLIV Татко не можеше ниту во најоптимистичките варијанти да поверува дека трагањето по османотурцизмите со веќе изветвена конотација, посебно заемката кадија, со сите изведенки толку силно ќе го разбрануваат неговото сеќавање на минатото, одамна заклучено длабоко во себеси и што беше најнеобично првите зборови кои започна да ги разгледува најсилно го осветлуваа и го будеа неговото цариградско време збиднато меѓу 1919 и 1914 година, токму во цутот на неговата младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
У тој момент е опседнат со дилемата дали да ги разбуди пријателите од соседните викендички и со нив да ужива во животот и во сѐ она што создал... или... да седне во белата кожна фотеља од својот монструозен глисер, да го разбранува мирното езеро и силно да го почувствува душевниот мир што му го овозможува државата у која живее.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
А најмалу дека ќе го разбранува еден обичен, најобичен чај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дали ударот го разбранува мастилото и пенкалцето сега се расипало?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)