го (зам.) - пцуе (гл.)

Тој не ора, не копа, не жние, не врши. Него бегот не може да го псуе на вера и закон, не може да го продаде како другите чифчии, но сепак може да му удри некој и друг дипшик, да го измаскари и да го напади предвреме без да му ја исплати заслужената руга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чудно е, ама и него сите го сакаат. Никој не го пцуе, затоа што нема зошто.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
- Па нека го пцуе. Што го закача?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Предизвикувачки нѐ гледаше и мрмореше: - Авива, Адис Абеба, Акропол, остави го детето ти велам. - Го пцуе, реков јас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Правите што сакате. Само немојте царот да го пцуете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не подригнува. Не го пцуе возачот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ја пцуе ноќта, дождот го пцуе, а ги пердаши и оние што се зад него, од ред, за тоа што тргнале по него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зошто напади народот да не чекаат царските луѓе? – Да ти се многу години, бег – го испушти попот познатиот робовски поздрав и направи длабоко темане, наведувајќи се речиси до земја, но место одговор на поздравот, кадијата му удри по еден камшик по грб и по плешки, па почна да го пцуе и да вика: – Какви многу години, бре ѓаур?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тогаш, таму во Идризово, му велам на иследникот: - А бре другар, па тој и тој таму најмногу викаа и ја клеветеа Југославија и го пцуеја Тито и први ги примивте...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Храброст - Некојпат стекнува корист од Шарлатан - Изгледа убав низ стаклото, страшливоста на другите. но колку си поблиску, толку помалку ќе најдеш.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ц Шепотење - Начин, како двајца го пцујат третиот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)