го (зам.) - пружи (гл.)

Затоа Националниот водач доаѓа за народот да го доведе во ред, како највисок принцип да му го пружи принципот на нацијата на којашто тој, како најголем националист, ѝ е цар, речиси творец на нејзиниот поим и пракса.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Она најмногу што може да го пружи овој дел од Хакслиевиот книжевен опус е субјективното искуство на неговиот автор, но единствено и според тоа неприменливо на други луѓе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На крајот од првенството судбината го добива мечот ама најбитно од све е што после целата утакмица изморен од исцрпната игра си се издувал и си го пружил максимумот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мамо-о... - ѝ го пружи детето безволно листот со стихотворбата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој навалува да го совлада несфатливиот отпор што му го пружа нејзиното лице.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа се штрекнува како ѕверка што ја ловат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Те тера да се возите по ескалатори, а ти веќе визуелизираш: невино го пружа ноџето нанапред, испотената рака се лизга, и тој паѓа во слоу моушн додека целиот трговски занемува.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тогаш стариот му го пружил пликот и по адресата тој го довел тука кај нив. Стариот ни збор не изустил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На големо изненадување на Еразмо, Ирена му го пружи розовиот чадор под кој, гушнати, ги броеја златните прстени на испружените раце и зборуваа дека тоа се само поголем број атоми на златната прав која ја има насекаде, па дури и во златниот сјај на тревите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓутоа, сега дојде часот да мислам на своето спасување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Многу луѓе го пружаат својот колк и одвај ја слушаат секирата во шумата, а камоли како им се приближува.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)