го (зам.) - протресе (гл.)

Дали да го протресе и да го расони, па веќе буден да го распраша што сонувал?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По ѓаволите со старава тенекија! Раздразен, Мартин опцу и добро го протресе копчето „1“. Баш ноќва!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се гледа и со голо око дека големиот бран никогаш не спие а понекогаш милува некого да го протресе низ песокта на времето и јасно да стави до знаење дека е свршено со големите занеси и дека е редно некој да почне да потонува и во мислите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
- Дедо, - полека го протресов, - ако ти е тешко да наплатуваш влезници на базенот, не мораш, ќе се снајдеме некако со баба ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Она што треба да го протресе љубителот на уметноста и она за што треба да плати е токму стравот на пингвините од лавовската рика, стравот од разјапената челуст на неизвесноста и неговиот комфорно зачепен чмар на извесноста сместен во неговата удобна фотеља од која го посматра делото во кое пингвините исчезнуваат токму во моментот кога чопор гладни лавови се нафрлаат врз нив.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Маргина 37 77 „Овој е наш“ - помисли старецот, но другиот непознат го збуни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мануш се врати нерасположен, со црвени очи од замор и сонце и плашливо го протресе за рамо. „Брат ти не е веќе таму“ му го подаде стутканото писмо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој беше жив; „Матвеј Николаевич“ тоа јасно го виде; и од гадење го протресе мртовечка треска; но на лицето на живиот се виде печат на некоја осуденост и скршеност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)